ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика на приватност е подготвена како промоција на имплементираниот концепт за заштита на приватноста во Фокус Никола ДООЕЛ, а со цел да се појасни начинот на кој се врши обработката на Вашите лични податоци при посетата и регистрацијата на интернет страница https://mebelstof.mk.

Оваа Политика на приватност се однесува за заштитата на приватноста на личните податоци при посетата/ регистрацијата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини ниту на Вашата посета на другите интернет страници до кои пристапувате преку нашата страница.

Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Фокус Никола ДООЕЛ е Контролор на лични податоци, а субјекти на лични податоци се сите клиенти при посета/регистрација на нашата веб-страницата.

Собирање и обработка на Вашите личните податоци

При посетата на страницата, Фокус Никола ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контакт информации), само доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете преку регистрирање на нашата страница, со цел на информирање и користење на нашите услуги и производи.

Цели за кои се користат собраните лични податоци

  • Да обезбедиме известување за промена на условите и воведување на нови производи и услуги за клиентите;
  • Да се обезбеди мислење од клиентите во врска со нашите производи и услуги и евентуално за спроведување на анкети, преку поставени прашања до клиентите;
  • Да се олеснат и проследат пребарувањата на клиентите и барањата за информации при јавување од страна на клиентите во врска со врска со нашите производи и услуги;
  • Реализација на наградни игри и други промотивни понуди;
  • Да се разгледа можноста за евентуални вработувања доколку субјектите се обратат или аплицираат за работа преку нашата веб-страница;
  • Помош при појава на проблем при користењето на врска со нашите производи и услуги,
  • Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна изречна согласност

Дополнително собраните податоци се користат за:

  • Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата веб-страницата, производи, услуги;
  • Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
  • За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.

Веб сајтот на Фокус Никола ДООЕЛ го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со https протоколот за заштита на информации.

Прифаќање на условите

Со користењето на интернет страницата на Фокус Никола ДООЕЛ, Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата. Континуираното користење на интернет страницата од Ваша страна следејќи ги измените и дополнувањата на оваа Политика за приватност се смета за Ваше прифаќање на истите.

Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица

Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели.

Промена на Политиката за приватност

Фокус Никола ДООЕЛ го задржува правото да врши измени и дополнувања на оваа Политика за приватност, за кои измени и дополнувања ќе биде поставено извесување на овој веб сајт.

Кога ги објавуваме вашите Лични податоци?

Фокус Никола ДООЕЛ како Контролор може да ги открива или да обезбеди пристап до вашите Лични податоци на трети страни во врска со целите утврдени во оваа Политика. Во зависност од околностите и природата на вашиот ангажман со нас, ние можеме да ги откриваме вашите лични податоци на трети страни коишто нам ни обезбедуваат или преку нас обезбедуваат производи и услуги, или на други трети страни, како што се:

  • други организации или лица коишто нам ни помагаат при обезбедувањето на производите и услугите за вас
  • професионални даватели на услуги и советници коишто извршуваат функции во наше име, како адвокати
  • претставници, агенти или изведувачи назначени од нас при редовното извршување на нашите деловни активности (како на пр. за целите на складирање или обработка на податоци, печатење, испраќање по пошта, маркетинг, планирање и развој на производи или услуги)
  • државни органи, регулаторни органи и други организации како што е наложено или дозволено со закон (како полиција).

Други примени и откривање на личните податоци

Ние можеме да вршиме собирање, користење и објавување на вашите лични податоци и за други цели коишто не се наведени во оваа Политика за приватност. Доколку го сториме тоа, за истото ќе бидете известени пред отпочнување на обработка на вашите лични податоци за други цели. При известувањето ќе бидете информирани и за правниот основ за обработката на вашите лични податоци како и за сите други информации кои согласно законот сме должни да ве инфомрмираме пред отпочнување на обработката на личните податоци.

Директен Маркетинг

Доколку се согласувате вашите Лични податоци да бидат користени за цели на директен маркетинг односно за да ви испраќаме информации, вклучувајќи промотивни материјали, во врска со нас или со нашите производи и услуги, од напа страна ќе ви бидат пратени материјали по пат на директна пошта, телемаркетинг, електронска пошта, СМС и ММС пораки. Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг се обработуваат единствено со ваша согласност, која можете да ја повлечете бесплатно во секое време. Повеќе информации во Политиката за дигитален маркетинг.

Вашите права

Како корисник на нашата интернет страница, имате право на писмено барање упатено на електронската адреса: fokus@fokus-mk.com

со назнака за нашиот Офицер за заштита на личните податоци, да ги остварите Вашите права:

  • да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка и/или
  • да пристапите до Вашите лични податоци и да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка
  • да ги промените Вашите преференци за вршење на директен маркетинг во кое било време преку пристап до веб страницата.

Електронската адреса од која ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и целата содржина на Вашите барања или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен за одговориме на Вашето барање, прашање односно предлог упатен до нас.

Колачиња (анг. Cookies)

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, за што може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња.

Кој е одговорен за обработувањето на моите лични податоци?

Фокус Никола ДООЕЛ
Јадранска магистрала 203 1020 Скопје – Карпош, П.фах 88, Македонија
+389 2 3064469
info@fokus-mk.com

има одговорност за обработката на вашите лични податоци на оваа веб-страница.

Офицер за заштита на лични податоци е Љупчо Деспотовски, privacy@icomply.mk.

Фокус Никола ДООЕЛ ги обработува податоците со коишто може лично да бидете идентификувани („личните податоци“) во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци („ЗЗЛП“) кој е во сила во Северна Македонија. Можете да контактирате со лицето назначено од наша страна за контакт во врска со заштита на лични податоци на адресата на Фокус Никола ДООЕЛ назначена погоре со користење на ознаката „Наменето за лицето за контакт за заштита на лични податоци“ или со праќање електронска порака на privacy@icomply.mk со наслов „Наменето за лицето за контакт за заштита на лични податоци “.

Политика за приватност (превземи ПДФ)

Барање за остварување на правата за обработка на лични податоци (превземи ПДФ)

Барање за повлекување на обработката на личните податоци (превземи ПДФ)