ПОЧЕТОЦИ
Почнавме во далечната 1990 година. Чекор по чекор, не застанувавме. Како фамилијарна фирма, нашите човечки вредности успеавме да ги пренесеме во работењето.
Повеќе од 25 години нашата дејност се декоративни ткаенини и еко кожи за домашна употреба односно индустријата за тапациран мебел. Воспоставивме односи на долгогодишна соработка со нашите деловни партнери, како добавувачи, така и купувачи од земјата и странство.


МОДЕРЕН ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ
Во 2012та година еден голем сон се оствари. Нашата фирма изгради модерен деловен објект со административен дел, малопродажен салон и магацински простор.
Во 2015та година, во склоп на нашиот магацински простор, отворивме приватна безцаринска зона, од која извезуваме роба на целиот Европски пазар.
Успешната приказна продолжува …

НАШИТЕ ТКАЕНИНИ
Посетувајќи ги сите светски реномирани саеми и настани поврзани со нашата дејност, се трудиме на клиентите и крајните купувачи да им понудиме декоративни ткаенини, кои се актуелни во светски рамки. Воедно за нас најважен е балансот помеѓу квалитетна ткаенина и добра пазарна цена.
КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
Континуирано работиме на подобрување на квалитетот на производите со вметнување на одредени светски стандарди при производството на истите. Ја зголемуваме контролата на добиените производи, со цел крајниот клиент да добие квалитет.

ОРГАНИЗАЦИЈА
Големопродажба
Со беспрекорна политика на планирање на залихи, континуирано снабдување и навремена испорака, спремни сме да го поддржиме вашето успешно работење.
Малопродажба
Нашиот персонал ќе ви помогне во вашиот избор од широкиот асортиман со врвен квалитет и конкурентни цени.
Извоз
Одлична логистика и извоз од приватна безцаринска зона.